Лондонската полиција уапси денеска маж во близина на Британскиот парламент, кој се полеал со запалива течност.
Полицијата на својот профил на „Твитер“ објави дека мажот бил уапсен во 10:45 часот по локално време и дека никој не е повреден, пренесе „АП“.
На лице место пристигнале полицијата и Итната помош, а мажот во моментов се наоѓа на медицинско тестирање.