Самитот на групата на седумте индустриски најразвиени држави Г7 ќе биде тежок тест за единството и солидарноста по годината во која лидерите на богатите земји тешко успеваат да пронајдат заеднички јазик, изјави претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск во пресрет на вечерашниот самит.
Тој пред новинарите рече дека трговските војни помеѓу седумте земји уште повеќе ја нарушиле меѓусебната доверба, пренесе „Ројтерс“.
Истотака, додаде Туск, ако американскиот претседател Доналд Трамп ги користи тарифите како политички инструмент, тоа би можело да биде ризично за целиот свет, вклучувајќи ја и Европската Унија.