Малолетната шведска активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, за две недели го мина Атлантскиот Океан во јахта со нулта емисија стакленички гасови за да присуствува на глобалната конференција за глобалното затоплување.
Шестнаесетгодишната Грета, утрово на социјалните мрежи напиша дека го гледа копното и светлата на Њујорк и Лонг Ајленд пред неа, пренесе „АП“.
Како што се наведува, Тунберг и нејзиниот екипаж, за време на двонеделното патување се соочиле со бурно море.
Се очекува таа да одржи говор на самитот на ОН посветен на климатските промени, што ќе се одржи следниот месец.