На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хаависто, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска и утре во Хелсинки, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.

Дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на прашања за придвижување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, додека пак на министерскиот работен ручек ќе бидат разменети мислења околу и за поддршката на бранителите за човекови права.

На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот Министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар.