Американскиот претседател Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во земјата со цел да им забрани на американските телекомуникациски мрежи да купуваат од странските компании кои се оценети како ризични, што најмногу ја погодува Кина, пренесуваат светските медиуми.
Трамп во екот на тензиите со Пекинг, донесе уредба која беше очекувана, а најмногу ја погодува големата кинеска телекомуникациска компанија „Хуавеј“, која одамна е на цел на американските власти.
– Овие неразумни рестрикции ги газат правата на „Хуавеј“- реагираше кинеската комапнија, која додава дека оваа забрана ги води САД кон полоши и поскапи решенија на подрачјето на 5Г, петтата генерација на мобилни мрежи. „Хуавеј“ за себе вели дека е лидер на 5Г.
Белата куќа се правда дека уредбата е поради тоа што странската конкуренција се повеќе ја искористуваат ранливоста на подрачјето на услугите на информациските и комуникациските технолошки инфраструктури во САД.
Пекинг напротив, оценува дека се работи за нелојален чекор, со кој се сузбива конкуренцијата.
Ова е најстрога мерка на администрацијата на Трамп, насочена против кинескиот технолошки сектор, кој нагло се шири во африканските, латиноамериканските и азиските земји, со економии во нагорна линија.