Странските поддржувачи на Халифа Хафтар се репозиционираат на боиштето во обид да остварат максимална предност откако пропадна 14-месечната воена офанзива на одметнатиот генерал за заземање на главниот град на Либија, Триполи, пренесува „Ал Џезира“.
Меѓународно признаените владини сили (ГНА) во изминатите неколку месеци ја вратија контролата врз повеќе стратешки локации, вклучувајќи ја и базата „Ал Ватија“ која беше главно упориште на Хафтар во западна Либија. Силите на Хафтар оттогаш беа потиснати, повлекувајќи се до Сирт на околу 450 километри од Триполи.
Конфликтот по една година се претвори во војна преку посредници во која Обединетите Арапски Емирати, Франција, Русија и Египет го поддржуваа Хафтар, додека силите на премиерот Фајез ал Сараж (ЛНА) можеа да сметаат на помошта од Турција.
– Постои раздор меѓу неговите странски поддржувачи. ЛНА се мобилизира за да го спречи нападот на Хафтар на Сирт, што би можело да биде од полза за Хафтар. Но, мислам дека треба да се потенцира оти најголемиот дел од поддршката за Хафтар се должеше на очекувањата оти тој ќе го заземе Триполи. Мислам дека сите сили се обидуваат да се репозиционираат за да стекнат максимална предност – Ендру Вери од фондацијата Карнеги за меѓународен мир.
Министерот за внатрешни работи Фати Башага истакна дека либиската влада ќе се вклучи во политички преговори само откако ќе го заземе Сирт и воената база „Ал Џуфра“.