Сојузен судија нареди на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да ја рестартира програмата ДАЦА, со која се спречува депортација на имигранти кои илегално влегле во САД кога биле деца.
Поранешниот американски претседател Барак Обама ја воведе програма ДАЦА (Deferred Action for Childhood Arrivals) во 2012 година. Здруженија за заштита на човековите права и други организации од 12 март по судски пат се обидуваат да ги запрат алтивностите на Трамп за укинување на програмата.
Судијата Џон Бејтс во Вашингтон синоќа ја објави одлуката, но и даде на администрацијата рок за жалба до 23 август.
Истиот судија во април одлучи дека не постои причина да се укине програмата и и одобри на администрацијата рок од 90 дена да понуди подобро објаснување зошто таа програма не треба да постои.
Програмата ДАЦА, која опфаќа околу 700.000 млади луѓе наречени „сонувачи” ги заштитува тие лица од депортација и да им дава дозвола за работа на две години, по што повторно мора да побараат да бидат опфатени со програмата.