Сијамските близначки, чии глави биле споени, се вратија во Пакистан десет месеци по операцијата во Лондон.
Сафа и Марва Биби имале три големи операции и поминаа вкупно повеќе од 50 часа во операционата сала, пренесува Би-би-си.
Нивната мајка Заинаб Биби за Би-би-си изјавила дека е пресреќна што ќерките можат повторно да бидат со сите членови од семејството.
– Девојчињата се многу добри. Марва добро напредува, само ѝ треба малку помош.Ќе следиме што се случува со Сафа и треба да сме внимателени. Ако даде Бог, тие ќе почнат да одат – вели мајката Заинаб.
Сијамски близнаци се многу ретка појава, а уште поретко е да имаат споени глави. Во такви случи, близнаците најчесто умираат за време на детството.
За близначките Сафа и Марва Биби се грижеше тим од 100 луѓе од болницата „Грејт Ормонд“ во Лондон.
Тие се раздвоени во февруари 2019 година и оттогаш живеат во Лондон со нивната мајка и уште еден член на семејството.
Сите медицински трошоци, повеќе од еден милион фунти, ги платил пакистанскиот бизнисмен Муртаза Лакани.
Девојчињата, сега на возраст од три и пол години, одат на редовна физикална терапија за да им се помогне да напредуваат. Сепак, и двете имаат проблеми во развојот.
Главниот хирург Овасе Џилани вели дека тој и тимот се многу среќни поради семејството, но дека тој не е толку убеден во среќен исход.
– Ми се чини дека Марва е навистина добра и продолжува да напредува многу. Да, веројатно беше вистинската одлука да се оперира, но не сум толку сигурен за Сафа – додава тој.
Џилани е неврохирург со долго искуство, но продолжува да се грижи поради одлуките што тој и неговиот тим морале да ги направат.
Близначките имале цел заеднички лавиринт од крвни садови што ги хранеле двата мозока, а само едниот можеше да ги добие најважните. Овие крвни садови ѝ биле дадени на Марви, која бил послаба близначка.
Тоа било причина Сафа да доживее мозочен удар, поради што има трајно оштетување на мозокот и можеби никогаш нема да може да оди. Јелани вели дека веројатно секогаш ќе му биде тешко поради тоа.
Тој верува дека веројатно би било подобро за Сафа и Марва доколку биле порано раздвоени. Но тоа не било можно затоа што собирањето средства траело неколку месеци.
Џилани и професорот Дејвид Данавеј, исто така хирург, потоа започнаа хуманитарна организација „Раздвоени близнаци“ за да посочат на проблемот и да соберат пари за операции на други деца.
Во јануари 2020 година истиот тим успешно раздвоило сијамски близнаци, кои биле исто така поврзани со главите. Јигит и Дерман Евренсел имале три големи операции, но сè било многу побрзо отколку со Сеф и Марва. Близнаците се вратиле во Турција пред нивниот втор роденден и лекарите веруваат дека брзо ќе напредуваат.