Севернокорејските медиуми објавија дека земјата го укинала карантинот заради коронавирусот за повеќе од 3.600 луѓе.
Околу 3.650 луѓе се пуштени од карантин од четвртокот, вклучувајќи 1.020 од провинцијата Кангун и 2.630 од провинцијата Чанг.
Северна Кореја досега нема пријавено ниту еден случај на коронавирусот, а многумина веруваат дека може да дојде до епидемија поради границата со Кина.
Севернокорејските медиуми исто така објавија дека 221 од 380 странци биле пуштени од карантин во петокот наутро.
Најмалку 7.000 луѓе се наоѓаат во карантин заради симптомите на вирусот.