Во централниот дел на Кина регистрирани се 17 нови случаи на воспаление на белите дробови предизвикано од мистериозниот коронавирус што наликува на вирусот САРС, пренесуваат светските медиуми.
Шеесет и двајца пациенти инфицирани со коронавирусот идентификувани се во градов Вухан, од кои двајца веќе починаа, а осуммина се во критична состојба.
Азиските држави, како и неколку аеродроми во САД воведоа посебен преглед за патниците кои пристигнуваат од централна Кина, за да се спречи ширење на вирусот.
Пријавени три случаи на пневмонија во Јапонија и на Тајланд, кај лица кои пристигнале од Вухан.
Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија бидејќи голем број Кинези најавија патувања во странство поради кинеската Нова година.