Иран вчера понуди да го ратификува документот што пропишува поинтензивни инспекции на нивната нуклеарна програма ако САД ги укинат економските санкции, предлог кој беше примен со скептичност од страна на Америка.
Иран би можел да го ратификува „Дополнителниот протокол“ кој им дава на инспекторите на ОН повеќе алатки за веднаш да потврдат дека иранската нуклеарна програма е од невоена природа, ако Вашингтон ги укине санкциите за Иран, министерот за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави за новинарите во Њујорк.
– Ако Трамп сака повеќе, можеме да го ратификуваме Дополнителниот протокол, а тој може да ги укине санкциите што ги постави – рече Зариф.
Сепак, Иран веќе го имплементира протоколот, па понудата на Зариф не беше прифатена како вистинска концесија.
Американски официјален претставник реагираше скептично, велејќи дека Иран се обидува да добие олеснување на санкциите без да понуди многу за возврат.
– Нивната цел е да се обидат да добијат какви било олеснувања од санкциите, задржувајќи ја способноста да развијат нуклеарно оружје во иднина – изјави американски официјален претставник.