САД, Велика Британија и Франција рано изутринава извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинивањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума.
Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс.
Станува збор за лабораторија за научни истражување во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оржје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град.
Според сириската државна телевизија, при нападите се повредени три лица во Хомс.
Почетокот на нападите го најави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во три часот по средноевропско време, нагласувајќи дека „во тек е заедничка операција (на САД) со вооружените сили на Франција и Велика Британија“.
Како што јави Би-би-си, ова се најжестоки напади на западните земји врз силите на сирискиот претседател Башар Асад од почетоикот на граѓанската војната во Сирија пред седум години.
Утрово американскиот државен секретар Џејмс Матис на вонредна прес-конференција соопшти дека при акцијата нема загуби во редовите на сојузниците, додавајќи дека нападите се завршени и оти засега нема планови за нови.
Во правта реакција на нападите, Русија оцени дека тие „нема да останат без последици“.