Рускиот претседател Владимир Путин и принцот Абу Дани Мохамед бин Зајед ал Нахјан потпишаа декларација за стратешко партнерство, со што Русија и Обединетите Арапски Емирати се согласија да ги координираат напорите за претворање на Блискиот Исток во зона без оружје за масовно уништување.
„Страните активно ќе придонесат за процесот на разоружување на меѓународно и регионално ниво, особено со зајакнување на режимот за неширење на оружјето за масовно уништување и технологијата поврзана со тоа“, се наведува во Декларацијата.
Покрај тоа, Русија и Обединетите Арапски Емирати се согласија да ја интензивираат соработката во борбата против пиратеријата, како и да споделат експертиза и искуство во сферата на поморската безбедност.
Генерално, се наведува во документот, страните имаат за цел да ја унапредат соработката во областа на одбраната и безбедноста, особено интензивирајќи ги консултации меѓу релевантните власти на двете земји.