Во јапонскиот град Кумагаја, северно од Токио, живата во термометарот утрово се искачи на 41,1 степен Целзиусов, што е рекорд во земјата откако се води статистика.
Јапонија и Јужна Кореја се зафатени од топлински бран. Во последните денови во Јапонија од горештините починаа над 40 лица, а во Јужна Кореја се регистрирани најмалку 20 смртни случаи.
Метеролозите најавуваат дека горештините продолжуваат. Во Централна Јапонија за денеска се предвидени температури до 39 степени, а во Токио до 37.
Речиси 10 илјади граѓани беа хоспитализирани поради проблеми настанати од високите температури, а јапонските власти предупредуваат луѓето да не излегуваат надвор без причина и да останат во климатизирани простории.