Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно-Карабах.
Двајцата повикаа на итно и мирно решение поради загубата на човечки животи, јави ТАСС.
Тие исто така се согласија да им дадат инструкции на владите на двете земји да го решат прашањето за повторно отворање на белоруско-руската граница.
Двајцата претседатели изразија загриженост за повторното ширење на коронавирусот, а Лукашенко уште еднаш му го честита роденденот на Путин за време на разговорот.