Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност. Лидерите посочија дека никогаш не смее да има нуклеарна војна и дека нема да има победници во неа.
– Русија и САД покажаа дека дури и во време на напнатост, тие се во состојба да ги унапредат заедничките цели за да обезбедат предвидливост во стратешката сфера, да ги намалат ризиците од вооружен конфликт и заканата од нуклеарна војна – се вели во документот.
Пример за таков пристап е неодамнешното продолжување на Договорот за офанзива за стратешко вооружување (СТАРТ 3).
– Денес ја потврдуваме нашата посветеност на принципот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека таа никогаш не смее да биде покрената – се вели во заедничката изјава.
Лидерите на двете земји најавија започнување на комплексен дијалог за стратешка стабилност, што треба да ги постави темелите за идна контрола на оружјето.