Судбината на кинескиот магнат, инвеститор и филантроп, Џек Ма, основачот и поранешен извршен директор на „Алибаба“ беше непозната со месеци. По неговото исчезнување, се ширеа гласини кои тврдеа дека тој пребегнал во Сингапур, или дека е под куќен притвор. Најстрашните претпоставки велеа дека тој е во некој таен кинески затвор. Но, како што се испостави, Ма периодов работел на усовршување на неговите вештини во играње голф, пренесува „Тајм“.
Според блиски извори до Ма, кој е коосновач на групацијата „Ант“, тој изминативе неколку недели се опуштал во голф-клубот „Сончевата долина“, на кинескиот остров Хианан.
Ова е прво појавување на Ма откако на Интернет се прошири видеото во кое тој зборува за кинескиот образовен систем, како и за ревитализација на руралните средини во Кина. Појавата на видеото ги потсмири гласините за неговата судбина.
Еден од неговите најрани инвеститори и пријатели, Масајоши Сон, основач на „Софтбанк груп корп“, откри дека Ма исто така сака да црта и дека со него ги споделува неговите цртежи.
Но, Ма ретко е надвор од фокусот на јавноста, по неговите критики на кинеските финансиски регулатори во октомври. Неколку недели од неговиот говор на Самитот на Бунд во Шангај, властите наредија на „Ант“ да изврши промена на своите деловни активности и започна антимонополска истрага за „Алибаба“.
– Најверојатно објаснување е дека Ма периодов едноставно се притаил, бидејќи неговите компании ги средуваат проблемите со регулаторите. И „Алибаба“ и „Ант“ формираа специјални тимови за соработка со кинеската влада, која сè уште ги уредува новите правила за технолошки гиганти и индустријата за Интернет во земјата – објаснува Хао Хонг, главен стратег на „Боком Интернешнл“ во Хонгконг.
Сето ова го стави Ма во непогодна ситуација со кинеските власти. Ма беше опишан како почетник за голф од страна на еден набудувач во одморалиштето, но тој има доволно време за да поработи на усовршување на неговата голферски способности.