Жителите на Хаити ја поминаа ноќта обидувајќи се да пробијат под урнатините на зградите за да ги пронајдат преживеаните сонародници, по разорниот земјотрес што ја погоди карипската земја во саботата, при што загинаа повеќе од 300 луѓе, а над 1.000 се повредени.
Земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер сруши многу домови во сиромашната земја што закрепнаа од разорниот земјотрес во 2010 година и е без шеф на држава по атентатот на претседателот минатиот месец.
На социјалните мрежи објавено е видео од спасувачка акција, пришто извлечени се преживеани лица.
Најлошото е во северозападниот дел на земјата, особено областа околу градот Лес Кајес.
Властите регистрираа 304 жртви од земјотресот, а повеќе од 1.800 се повредени.
Црквите, хотелите, болниците и училиштата беа тешко оштетени или уништени, додека затворите останаа без sидови поради земјотресот што го погоди Хаити во 20 часот и 29 минути.
„Мораме да покажеме голема солидарност“, рече премиерот на Хаити, Ариел Хенри. Прогласена е вонредна состојба.
Некои жители на островската земја рекоа дека ќе ја поминат саботата навечер спиејќи на отворено.
Земјотресот беше почувствуван до Јамајка и Куба, а земјите од регионот брзо дадоа помош на Хаити.