Руското судство ја осуди портпаролката на рускиот опозиционер, Алексеј Навални – Кира Јармиш, на година и пол ограничено движење за организирање протести за време на епидемијата на коронавирус.
Јармиш (31) е обвинета за учество во организирање собири за поддршка на Навални во јануари, кога противничка на политките на Кремљ беше уапсена по неговото враќање од Германија во Русија.
Тимот на Навални објави на Твитер дека Јармиш е прогласена за виновна за „поттикнување прекршување на мерките против коронавирусот“.
Таа е во домашен притвор од февруари, и според одлуката на судот, следната година и половина ќе и биде забрането да ја напушта Москва или да учествува на јавни настани.
Навални (45) минатата година се лечеше од труење со нервен агенс во Германија и беше уапсен во јануари, откако се врати во Русија.
Тој во моментов издржува затворска казна од две и пол години.