Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара денеска од владата на Мјанмар да преземе конкретни чекори во истрагата за кршење човекови права на муслиманите Рохинџи.
– Тој ги повикал на одговорност припадниците на безбедносните сили и други, кои учествуваа во тие акции, изјави неименуван официјален претставник на Стејт департментот.
Помпео, кој денеска се состана со мјанмарскиот министер Кјав Тинт Све во Њујорк, исто така, го повтори американскиот повик кон Мајнмар веднаш да ги пушти на слобода двајцата новинари на Ројтерс.
Најмалку 700.000 Рохинџи го напуштија Мјанмар во изминатите 12 месеци и пребегнаа во соседен Бангладеш.