Во хотелот „Унион“ во центарот на Љубљана денеска изби пожар поради што се евакуирани стотина луѓе, соопшти словенечката полиција.
Огнот се уште не е локализиран, а во неговото гаснење учествуваат 75 пожарникари со 14 противпожарни возила, а полицијата истакнува дека никој не е повреден.
Пожарот изби во поткровјето на хотелот со четири ѕвездички. Но, се уште не е позната причината за избивање на огнот.