Пет членови на едно семејство загинаа во пукање во Сан Диего. Според првичните информации, загинале три деца, додека едно (на 11-годишна возраст) било пренесено во болница и лекарите се борат за неговиот живот. Во тек е операција.
На самото место загинале тригодишно момче, 29-годишна жена и маж на возраст од 31 година. Уште две момчиња на возраст од 5 и 9 години починале во болница.
Лицето кое се јавило во полиција не кажало ништо, но во позадина се слушала расправија. Полицијата веднаш се упатила кон местото на настанот, а во меѓувреме следела уште една пријава од соседството. Потоа се слушнале истрели.
Кога полициските екипи пристигнале до куќата, тропнале на вратата, но никој не отворил. Потоа пошле до прозорецот и виделе дете како лежи во крв.
Првичните резултати од истрагата покажуваат сомнежи дека еден од настраданите членови на семејството ги убил другите, а потоа си пресудил себеси.