Исламска држава (ИД) објави видео од егзекуција на, како што се наведува во снимката, единаесет христијани oд Нигерија, а за чинот се вели дека е одмазда за убиството на водачот на организацијата, Абу Бакр ал-Багдади, и неговиот портпарол.
Милитантната организација снимката ја објави на својот „Телеграм“ канал во четвртокот, ден по католичкиот Божиќ.
На видеото се прикажани маскирани мажи со кафеави униформи кои стојат зад заробениците. Еден од нив застрелале, а друг обезглавиле, пренесува хрватски „Индекс“.
Се работи за луѓе киднапирани во североисточна Нигерија, каде милитантите со години се борат за воспоставување на исламистичка држава.
Исламската држава во западна Африка во 2016 се оддели од милитантната група Боко харам и стана водечка џихадистичка група во регионот.
Водачот на ИС, Ал-Багдади, беше убиен во американска операција во Сирија, а неговиот портпарол во посебна акција, но и двајцата во истиот викенд кон крајот на октомври.