Австралија ќе се соочи со силен топлотен бран за време на Божиќните празници, со температури кои ќе достигнат до 47 целзиусови степени, пренесува „Гардијан“. Во некои делови, властите во оваа земја дадоа предупредувања и за појава на пожари. Според метеоролозите, на одредени места од континентот се очекува температурите во декември да бидат во просек 12 степени повисоки од просечните.
Властите во сојузната австралиска држава Викторија, како и во повеќе други сојузни држави во Западна и Јужна Австралија, како и во Тасманија постојат можности за пожари. Конкретно во Западна Австралија, на Божиќ (25 декември) се очекува температурите да го надминат претходниот рекорд од 46,5 степени по целзиус, кој беше измерен претходно овој месец.
Поради вонредните услови и необично високите температури, властите издадоа предупредувања за граѓаните да се заштитат од сонцето, во болниците е зголемен персоналот кои ќе работи за Божиќ.