Тимови за спасување во Гватемала веќе трет ден по ред се во потрага за преживеани, по ерупцијата на вулканот Фуего, а до досега загинаа најмалку 99 луѓе.
Спасувачки тимови денеска обезбедиле подрачје околу вулканот што еруптираше во неделата исфрлајќи огромни количини пепел и лава со висока температура што се движи кон градови во близина.
Институтот за сеизмологија во Гватемала предупреди синоќа за ново излегање на лава и повика на евакуација.
Спасувачките тимови се во потрага по исчезнати чиј број е над 200.