Компанијата Мајкрософт соопшти денеска дека открила нови обиди за руски кибер-напади врз американски политички организации пред изборите за американскиот Конгрес во ноември.
Според софтверскиот гигант, група хакери поврзани со руската влада се обиделе да извршат кибер-напади врз Институтот Хадсон и Меѓународниот републикански институт. Нападите, сепак, не успеале.
И двете американски организации за аналитика соопштија дека тие станале цели за кибер-напади поради нивната активност.
Според американските тајни служби, Русија се мешала во американскиот изборен процес во 2016 година токму преку кибер-просторот.