Кина ги отфрли критиките од земјите-сојузнички од „Петте очи“ упатени кон нејзината политика за Хонконг, соопштувајќи дека тие треба да се соочат со реалноста во која поранешната британска колонија и е вратена на Кина, објавува „Гардијан“. Разузнавачката мрежа „Петте очи“ претставува сојуз меѓу Велика Британија, САД, Австралија, Нов Зеланд и Канада.
– Не е важно дали имаат пет или 10 очи. Ако се дрзнат да им наштетат на кинескиот суверенитет, безбедност и интереси за развој, треба да се пазат да не ослепат – кажа портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Министрите за надворешни работи од државите-членки на „Петте нации“ претходно изразија став дека новата резолуција на кинеската влада која доведе до дисквалификација на четворица пратеници од Хонгконг претставува „дел од оркестрирана кампања за замолкнување на критичните гласови“.
На четворицата пратеници им беше забрането да се кандидираат за реизбор поради нивните апели кон странските власти за воведување на санкции врз Кина и Хонгконг. Тие останаа на функциите поради одложувањето на изборите.