Ирачкото министерство за надворешни работи поднесе официјална жалба до генералниот секретар на Обединетите нации и Советот за безбедност во врска со воздушните напади на САД врз ирачко тло во кои загинаа иранскиот генерал Касим Сулејмани и неколку лидери на ирачката милиција.
Тужбата се однесува на „напади и агресија на САД врз ирачките воени позиции, како и атентат врз ирачки и сојузнички воени команди на ирачко тло“, се вели во соопштението на Министерството.
Нападите беа опишани како опасно кршење на ирачкиот суверенитет, пренесува Ројтерс.
Багдад го повика Советот за безбедност на ООН да ги осуди нападите.