Во американската држава Тенеси денеска на електрична столица ќе биде погубен затвореник.
Едмунд Загорски е осуден за двојно убиство во 1984 година и ќе биде втор човек кој на електрична столица ќе биде погубен во Тенеси од 1960 година. Загорски одбрал да биде погубен на овој начин откако неговата тужба за протоколот за смртоносна инјекција е отфрлена. Загорски истакнал дека сака да умре на електрична столица, а не од смртоносен коктел со инјекција, затоа што верува дека егзекуцијата на електрична столица ќе трае пократко и ќе биде помалку болна.
Претходно, Дерил Холтон во 2007 година одбра да биде погубен на електрична столица.
Во САД, последен пат бил погубен затвореник на електричен стол во 2013 година во Вирџинија.