Единаесет деца загинаа во напад извршен од бомбаш-самоубиец кој активирал експлозив во близина на џамија во јужниот дел од Авганистан, јави ДПА.
Шеснаесет други лица се ранети во нападот што се случи во областа Даман. Меѓу повредените се и романски војници и полицајци.
Бомбашот го активирал експлозивот што го носел во возило во момент кога поминувал покрај конвој на странски труп, соопшти полицијата.