Авионот „боинг 737 макс 8“ на „Етиопиан ерлајнс“, кој во неделата се урна на летот кон Најроби, при што загинаа 151 патник и осум члена на екипажот, имал нестабилна вертикална брзина. Ова е втор инцидент со уривање на „боинг 737 макс 8“ во изминатите пет месеци. Во октомври 2018 година, „боинг 737 макс 8“, на индонезиската нискобуџетна компанија „Лајон ер“, се урна 13 минути по полетувањето од Џакарта, при што загинаа 189 лица.
Пилотите тврдат дека не се обучени за новите функции на системот против забавување во авионот, кој се разликува од претходните модели на популарната серија 737. Автоматскиот систем е дизајниран да им помогне на пилотите да избегнат превисоко подигнување на клунот на авионот, што може да го забави авионот, или да го загуби аеродинамичното подигнување потребно за продолжување на летањето.