Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши акција против лица од исламските кругови, кои биле означени како потенцијално опасни екстремисти.
Претреси биле изврешни во станови и други објекти во Келн и Дирен, а акциите следела по информации добиени од безбедносните служби. Припадниците на полицијата трагале по докази за подготовка на евентуални можни напади.
Во стан во Дирен, полицијата трагала по конкретни траги за планирање напади.
Двајца мажи се приведени на сослушување во Дирен, се дознава од полициски извори, а се претпоставува дека сакале да изведат терористички напади.