Заштитата на личните податоци е европска вредност за која нема преговори, изјави денеска европската комесарка за дигитализација Марија Габриел во врска со скандалот околу Фејсбук и „Кембриџ Аналитика“.
– Ги почитуваме нашите светски партнери, но во суштината на транзицијата кон новите технологии треба да бидат луѓето, рече Габриел.
Таа нагласи дека довербата треба да е основа на одговорноста и на транспарентноста за начинот на користење на податоците.
– Без доверба не можеме да ја оствариме дигиталната транзиција, потенцира Габриел.
Еврокомесарката повика во следниот Буџет на ЕУ средствата предвидени за дигитализацијата да бидат во согласност со целта на Унијата за постигнување на лидерската улога во светот во тој сектор.
Според Габриел, ЕУ досега за дигитализација извдоила една милијарда евра, а до 2020 година е предвидена уште една милијарда.