Во седум општини во регионот Приморск, на рускиот Далечен Исток, е прогласена вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови, соопшти локалната управа.
Во соопштението се наведува дека се поплавени 287 куќи, а евакуирани се 58 луѓе, пренесе „ТАСС“.
Поставени се привремени засолништа за евакуираното население.
Поради обилните дождови во областа се излеале три реки. Локалната управа формирала 30 комисии, кои ќе ги обиколат сите загрозени подрачја и ќе ја проценат штетата.