Приврзаниците на брегзитот денеска го запалија знамето на Европската Унија пред Даунинг стрит во центарот на Лондон.
Други насобрани луѓе им се потсмеваа на проевропските демонстранти во последните часови пред Велика Британија да го напушти европскиот блок.
Приврзаниците на брегзитот исмеваа околу 200-300 приврзаници на ЕУ додека се шетаа од Даунинг стрит до канцеларијата на ЕУ во Лондон.
Полицијата формира линија за да ги раздели двете групи.
Приврзаниците на брегзитот пееја „Срамете се, срамете се“, „Губитници, губитници“ и „Збогум, збогум, ЕУ“.