Роџер Федерер се повлече од турнирот во Рим. Швајцарецот без борба му го предаде четврт-финалниот меч на Стефанос Циципас. Организаторите соопштија дека Федерер имал проблеми со десната нога.
Федерер, вчера одигра два меча, најпрвин лесно го победи Португалецот Жоао Соуза (6:4/6:3), а потоа во драматичен меч, во кој спаси две меч-топки, го совлада и Хрватот Борна Чориќ (2:6,/6:4, 7:6).
Циципас непланирано доби ден одмор, а во полу-финалето ќе игра против победникот од шпанската пресмета помеѓу Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.