Триумфот над Брунеи е вкупно 12-ти со максимални 4-0 за Македонците на 13-та Шаховска олимпијада, а против Свазиленд 14-ти за Македонките на досегашните 12 учества
Македонската машка и женска шаховска репрезентација, како што и се очекуваше со максимални победи со по 4-0 славеа во 1-то коло (од предвидените 11) на 43-та Шаховска олимпијада (ШО), во Батуми, Грузија. Мажите (рангирани 43-ти од 185 селекции), го совладаа Брунеи (133-ти), а жените (58-ми од 151 селекција), Свазиленд (133-ти).
Кај шахистите настапија ВМ Владимир Георгиев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Трајко Недев и ИМ Никола Николовски, а кај шахистките Бојана Бејатовиќ, ЖИМ Габриела Коскоска, Драгана Николовска и Катерина Петровска. Во вчерашното второ коло тие имаа многу посилни ривали, мажите играа против Молдавија (просечен рејтинг од 2.564 поени, рангирана 30-та), а дамите против Унгарија (2.344, рангирана 13-та). И фаворитите за највисок пласман забележаа воведни победи.
Ова не е првпат двете селекции да почнат со максимален триумф.