Кениецот Абрахам Киптум постави нов светски рекорд во полумаратон, со време од 58,18 минути на вчерашната трка во Валенсија, Шпанија. Тоа време на Киптум (29) е подобро за пет секунди од стариот рекорд на Зерсенеј Тадесе од Еритреја, поставен во Лисабон во 2010 година (58,23).
Кениските атлетичари моментално ги држат сите светски рекорди во полумаратон и во маратон, во женска и во машка конкуренција. Пред две години исто така во Валенсија, светски рекорд во полумаратон кај жените постави неговата сонародничка, Џојслин Јепкосгеи, 1:04,51 часа.
Неодамна во Берлин, Елиуд Кипчоге, постави нов светски рекорд во маратон, 2:01,39. Кај жените светскиот рекорд од лани во Лондон го држи Мари Кеитани, 2:17,01 часа.