Тај­брејк за плас­ман во по­лу­фи­на­ле­то на Свет­ски­от куп попладнево играа Вит­ју­гов – Ју и Аро­ни­јан – Ва­шер-Ла­грав

Ки­не­зот Ли­рен Динг (2.811 реј­тинг-по­е­ни) и Азер­беј­џа­не­цот Ти­мур Ра­џа­бов (2.758) се пр­ви­те по­лу­фи­на­ли­сти на Свет­ски­от ша­хов­ски куп (СК) во ру­ски­от град Кан­ти Ман­сијск и се­га ги де­ли уште ед­на по­бе­да за да се пла­си­ра­ат на Тур­ни­рот на кан­ди­да­ти­те за пре­диз­ви­ку­ва­ње свет­ски пр­вак, в го­ди­на во Ека­те­рин­бург (Ру­си­ја).

Динг бе­ше по­до­бар во вто­ра­та кла­сич­на пар­ти­ја од Ру­си­нот Але­ксан­дар Гриш­чук (42. по­тег), а Ра­џа­бов од Аме­ри­ка­не­цот Џе­фри Кси­онг (32. по­тег). Во пре­о­ста­на­ти­те два ду­е­ла по­ме­ѓу Ру­си­нот Ни­ки­та Вит­ју­гов (2.732) и Ки­не­зот Јан­гуи Ју (2.763), од­нос­но Ер­ме­не­цот Ле­вон Аро­ни­јан (2.756) и Фран­цу­зи­нот Ма­ксим Ва­шер Ла­грав (2.774), втор­пат се ре­ми­зи­ра, па попладнево се играа до­пол­ни­тел­ни тај­брејк-пар­тии со за­бр­за­но тем­по. По­бед­ни­кот од пр­ви­от ду­ел ќе игра со Динг, а од вто­ри­от со Ра­џа­бов.

Ра­џа­бов пос­ле­ден пат на­ста­пил на Тур­ни­рот на кан­ди­да­ти­те во 2013 го­ди­на во Лон­дон (по­бе­ди Маг­нус Карл­сен), а Динг бе­ше дел од пос­лед­ни­от во Мос­ква во 2018 го­ди­на (по­бе­ди Фа­би­а­но Ка­ру­а­на). Од тие што на­ста­пи­ја ла­ни, шан­са да три­ум­фи­ра­ат на СК 2019 има­ат уште Динг, Ва­шер-Ла­грав и Аро­ни­јан.

Г.И.