Европското фудбалско првенство 2022 за жени било најгледано издание досега со бројка од 365 милиони гледачи кои во живо ги следеле натпреварите – објави денеска УЕФА.
Гледаноста на овој турнир, кој го освоија Англичанките со триумфот во финалето над Германија, е за двојно поголема во однос на изданието во 2017 (178 милиони милиони) и 214 отсто повисока отколку во 2013 година (116 милиони).
Само финалниот натпревар во живо го следеле 50 милиони гледачи ширум светот, што е за над трипати повеќе од финалето во 2017 година.
Податоците за гледаноста на женското ЕУРО2022 се пресметани врз основа следење на преносите на телевизија во домашна атмосфера, во надворешни објекти и преку стриминг.