Фото: Приватна архива

Младиот македонски автомобилист Марко Блажевски имаше успешен настап на првиот овосезонски викенд во рамките на Еуро Твинго купот, што се возеше на патеката Муџело во Италија.

Блажевски ја започна новата сезона со одличен резултат, победа во втората трка што се возеше денеска, откако на првата трка беше седми, што му носи солидна бодовна залиха пред следните предизвици на ова натпреварување.

Инаку, според информациите од неговиот придружен тим, Блажевски на официјалните квалификации вчера забележал шесто место, што му овозможи добра стартна позиција, но истовремено механичарите забележале мала неправилност во работата на моторот, па потрошиле буквално цела ноќ за да го отстраанат дефектот.

На првата трка Блажевски успеал да стигне само до седмото место, но затоа, за втората трка сите коцки се наредиле како што треба и тој го забележал првиот подиум во новата сезона.

Следната трка се вози во Словачка во јуни.