Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека не меѓу фаворитите на Вимблдон и оцени дека најголеми шанси за освојување на престижниот турнир има швајцарскиот тенисер Роже Федерер.
Ѓоковиќ минатата година натпреварувањето на Вимблдон го заврши со четвртфиналето, по што заради повредата паузираше речиси половина година.
По враќањето на натпреварите српскиот тенисер имаше неколку порази и победи на земјена подлога, но на турнирот во Квинс покажа дека може да има добра сезона на трева. Ѓоковиќ во второто коло го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров, што е прва негова победа на играч од првата десетка на АТП листата по враќањето.
– Не би требало да гледаме толку далеку. Сигурен сум дека не сум еден од фаворитите. Федерер има најголеми шанси да го освои трофејот. Надал не игра најдобро на Вимблдон, но ја освоил титулата неколку пати -истакна српскиот тенисер.
Пред почетокот на Вимблдон британските медиуми го вброија Ѓоковиќ меѓу кандидатите за титулата.
– Можеби јас и Мареј сме кандидати, но само ако добро играме. Паднавме на АТП листата, но Енди играше многу добро против Ник Кириос, а ќе ја има и поддршката на домашната публика, па може и добро да тргне -наведе Ѓоковиќ.
Вимблдон почнува на втори јули.