Четирикратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изрази жалење дека битката за титулата нема да трае до последната трка во Абу Даби.

Британецот доминира во последните трки и по 6 победи во 7 натпревари, во комбинација со проблемите и падот кај Ферари, има потреба од 8 поени повеќе од Себастијан Фетел во Остин, за да биде шампион и во теорија, на 3 старта пред крајот.
 
– По битката кај Монца, навистина верував дека секој старт би бил таков и јас би бил среќен да беше решшено сè во последната трка. Ферари беа многу силни, но нивните перформанси се влошија во последно време. На крајот мојата желба е да гледаме натпреварување како тоа во Италија, но за жал, работите не излегоа така, изјави Хамилтон, кој немаше никакви проблеми на „Сузука“ изминатиов викенд.