Поради ширењето на коронавирусот „Скопски маратон“ наместо во мај ќе се одржи на 4 октомври.
– Иако вие тркачите, исто како и ние, се подготвувате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации, но веруваме дека на крај сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Заради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, како кај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги презема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на ВизерСкопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година – соопштија организаторите.
Сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некој од пријавените е спречен од било кои причини да учествува на новиот датум, ќе им бидат понудени следниве опции:
• промена на постоечката регистрацијата на друго име за 4 октомври 2020 година
• откажување на регистрацијата за 2020 и добивање бесплатна регистрација за 2021 година
• откажување на регистрацијата за 2020 и учество на Виртуелна онлајн трка 2020
Сите овие опции ќе бидат можни да се реализираат со рок до 31 јули 2020 преку порталот за регистрација „www.smartrace.club“, деталите ќе бидат објаснети директно до секој учесник со испраќање на емаил порака со конкретни упатства како да ја одберат посакуваната опција доколку не се во можност да учествуваат на 4 октомври 2020.
Пријавувањето останува отворено до 15 септември 2020 година. Повеќе информации на следниот линк.