Полагањето за 1 КЈУ кафеав појас- кандидат мајсторски и за 1 ДАН црн појас – мајсторски, во организација на ДАН комисијата при Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), а со техничка поддршка од џудо клубот „Пелистер“, се одржа во саботата во Битола.

Полагањето го спроведе комисијата во состав со претседателот Ѓуро Илиќ и членовите Дејан Мицкоски и Нада Ристов.

На полагањето беа пријавени вкупно 13 кандидати, од кои шестмина за 1 КЈУ појас и 7 кандидати за 1 ДАН појас.

По спроведувањето на полагањето, Комисијата донесе одлука и ги објави имињата на кандидатите кои положиле за соодветните појаси.

1 ДАН

Јорданчо Ѓорѓиоски
Благојче Митрески
Марин Билјановски
Борче Ангелов
Трајче Марков
Омер Сулејмани
Дурим Шаќири

1 КЈУ

Бојан Синадиноски
Андреј Вељаноски
Христијан Глигороски
Андреј Чакаровски
Марио Нелоски
Резарт Хусени