По француските ракометари и одбојкарите станаа олимписки шампиони, откако во возбудлив меч ја победија Русија со 3-2 (25-23, 25-17, 21-25, 21-25 и 15-12 по сетови).
Златото од Токио е најголемиот успех во историјата на француската одбојка.
Ервин Енгапет со 26 поени беше најефикасен во победничката репрезентација, Жан Патри освои 15, а Тревор Клевено 11 поени. Максим Михајлов со 22 и Ефор Киука со 20 поени ја предводеа Русија.
Бронзата ја освоија Аргентинците. За третото место тие го победија Бразил со 3-2 во сетови.