ШАХ – ТУРНИР НА КАНДИДАТИ
Рускиот велемајстор (ВМ) Јан Непомнијашчи изби сам на врвот на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак во шах, кој во 14 кола се игра во Екатеринбург (Русија), откако го победи Кинезот Хао Ванг. Тоа беше единствена победа во 5. коло. Ванг повторно го играше отворањето со петрова одбрана, но Русинот постојано ја одржуваше иницијативата и на крајот со еден коњ повеќе ја забележа својата втора победа на турнирот.
Холанѓанецот Аниш Гири во 29-от потег имаше добиена позиција против Американецот Фабијано Каруана, па ремито беше потпишано во 42-от потег во словенска одбрана. Поенот го поделија и Русинот Александар Гришчук и Кинезот Динг Лирен (54 потези) во отворање Руи Лопез, односно Русинот Кирил Алексенко и Французинот Максим Вашер-Лаграв (33) во сицилијанска одбрана (варијанта на Најдорф).
Табела по пет кола: Непомнијашчи (2.774 рејтинг-поени) 3,5 поени, Вашер-Лаграв (2.767) 3; Каруана (2.842), Ванг (2.762), Гришчук (2.777), сите со по 2,5; Динг (2.802), Алексенко (2.698) и Гири (2.763), сите со по 2.