Македонија на ЕП за кадети, јуниори и помлади јуниори (до 21 год.) ќе настапи со 34 натпреварувачи

КАРАТЕ – 48. ЕП ВО ТАМПЕРЕ

Македонските карате-надежи во кадетска, јуниорска и конкуренција на помлади јуниори (до 21 год.), во дисциплините борби и во кати, од утре до недела ќе учествуваат на 48. Европското првенство во финскиот град Тампере. Селекторите Александар Кузмановски (борби) и Стојан Андревски (кати) се оптимистички расположени пред новиот предизвик на кој се пријавени вкупно 1.008 натпреварувачи од 45 држави.
– Задоволен сум од подготвеноста на репрезентативците по последните заеднички одржани тренинзи, верувам дека и овој пат ќе се вратиме со медали и од ова ЕП – вели Кузмановски.
И селекторот во кати, Андриевски е оптимист пред настапот во Финска.
– Минавме подготвителен период на две локации и задоволен сум од сработеното. Верувам дека каташите на ова ЕП ќе го дадат максимум и ќе се претстават во најдобро светло – истакна Стојан Андриевски.


Македонија – состав

БОРБИ – КАДЕТИ/КИ: Марио Димчевски (до 52 кг), Или Билали (до 57 кг), Вукашин Јовановиќ (до 63 кг), Лука Конески (до 70 кг), Андреј Басаров (над 70 кг), женски: Ива Пецевска (до 47 кг), Михаела Мишовска (до 54 кг), Ера Коџа (над 54 кг). ЈУНИОРИ/КИ: Матеј Белистојаноски (до 55 кг), Бојан Костов (до 61 кг), Љупче Михајлов (до 68 кг), Андреј Ангеловски (до 76 кг), Стефан Стојановиќ (над 76 кг), Канита Бериша (до 48 кг), Рудина Алиу (до 53 кг), Јована Мицовска (до 59 кг), Јусра Адеми (над 59 кг), ПОМЛАДИ СЕНИОРИ/КИ (до 21 г.): Абдурахим Идриз (до 60 кг), Столе Смилковски (до 67 кг), Марио Свинарски (до 75 кг), Бобан Џамѓозов (до 84 кг), Бериз Куртановиќ (над 84 кг), Марија Петровска (до 50 кг), Марија Милева (до 55 кг), Магдалена Божиноска (до 61 кг), Симона Симовска (над 68 кг).
КАТИ – ЈУНИОРИ, Давид Спасовски, ПОМЛАДИ СЕНИОРИ (до 21 г.) Александар Неделковски, Каролина Јанчовска. KATA-ТИМ, КАДЕТИ – ЈУНИОРИ: Давид Спасовски, Христијан Андриќ, Андреј Пешков, Јована Манчевска, Данка Стојкова, Стефанија Гроздановска.