Со фантастичен сет ап и подготвеност од страна на организацијата АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес се одржа втората трка на тркачката патека во Гробник, Хрватска.
Повторно брилијантен – првото место на подиумот му припадна на Давид Малинковски со тајминг од 02:02.460, второто место на Владимир Тренески со 02:02.442, додека пак трет пласман – Марко Блажевски со 02:05.152.
Давид Малинковски беше метри до освојување на првата победа во Твинго-КУП, но на последните метри пред целта на Гробник во мешаницата од возила не успеа да се снајде и заврши како четвртопласиран.
Тој по вторпат сезонава завршува како четвртопласиран во генерален пласман.
Пласманите на останатите Твинго-КУП натпреварувачи се следните:Мартин Костовски (21), Ангелче Стојковски (22) Зоран Мираковски (20) додека пак Слободан Трајковски не ја заврши трката.
До крајот на годината планирани се најмалку уште две трки на Тwинго ЦУП на Европските автодроми.
На следниот линк може да ги погледнете двете трки од Твинго-КУП викендот во Гробник.