Децата што собираат тениски топчиња ќе мора да носат ракавици на првиот мастерс-турнир годинава во Индијан Велс, кој ќе започне идната недела во овој американски град. Бидејќи американската држава Калифорнија прогласи вонредна состојба по смртта на пет лица заразени од коронавирус, решено е да се воведат вонредни мерки.
Така децата задолжени за собирање на тениските топчиња мора да носат ракавици и нема да им додаваат крпи на тенисерите. Тоа значи дека играчот ќе мора сам да ја земе крпата што ја користи за бришење на потта од столот што ќе биде поставен покрај теренот. Средбата со навивачите ќе биде ограничена на најмала можна мерка, односно оние што ќе сакаат да добијат автограм, а местата каде што ќе се движи публиката секојдневно ќе бидат прскани со дезинфекциски средства.
Сите заинтересирани што веќе купиле влезници ќе имаат можност да си ги добијат партите назад пред почетокот на турнирот, секако ако проценат дека сепак е побезбедно за нивното здравје, поради коронавирусот, да не бидат на турнирот.